ВО ЕВРОПА ‘ВЛАДЕЕ’ СТРАВ ОД ВАГНЕР – Германија ветува огромна поддршка за Полјаците на границата со Белорусија

Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, изјави од Прага дека Берлин и НАТО се подготвени да ја поддржат Полска во одбраната на нејзиното источно крило.

Онаму каде што на полските партнери им е потребна поддршка, тие ќе ја добијат“, порачал Борис Писториус на прес-конференција со својот чешки колега.

Коментарите на Борис Писториус доаѓаат откако полскиот безбедносен комитет одлучи да ги премести воените единици на истокот на земјата поради присуството на групата Вагнер во Белорусија, според извештајот на полската државна медиумска агенција PAP.

БелорусијаБорис ПисториусВагнерГерманијаЕвропаПолска