Во едно од неговите последни интервјуа, Пери откри по што би сакал луѓето да го паметат

Актерот Метју Пери еднаш раскажа како би сакал неговото семејство, пријателите, колегите и обожавателите да го паметат.

Додека ги промовираше своите мемоари Friends, Lovers, And The Big Terrible Thing, Пери во едно интервју рече:

„Би сакал да бидам запаметен како некој кој живеел добро, сакал многу и што е најважно – како некој што сакал да им помага на луѓето“.

По смртта на актерот неговата изјава повторно се прошири на социјалните мрежи. Многу обожаватели на Пери пишуваат дека ќе се погрижат сите навистина да го паметат актерот онака како што тој би сакал да биде.

Потсетуваме дека Метју Пери почина  на 54 годишна возраст . Тој бил пронајден мртов во својот дом