Во Џорџтаун, елитната населба во американската престолнина Вашингтон, каде куќите чинат милиони долари, огласена е недвижност по цена од 50,000 долари, соопшти синоќа Вашингтон пост.
Има централна локација, во непосредна близина на трендовски бутици, продавници и популарни ресторани, на десет минути пеш до кејот на Потомак.
-Возможностите се безгранични, се наведува во огласот на интернет.
Но имотот не е дом, не е ниту плац земја каде некој може да ја изгради својата куќа од сништата. Тоа е само ѕид од тули, пишува весникот.
Во населба каде цените на куќите во изминатите години станаа астрономски, излитениот ѕид од 50,000 долари брзо стана главен хит низ социјалните мрежи.
-Дали некој всушност продава ѕид, се наведува на Инстаграм налогот Вашингтонски проблеми.
Се дознава дека продавачот Алан Бергер го добил ѕидот во наследство од својот татко, кој во 1960-те, повеќе од смисла за хумор, го купил од лице кое за него платило два и пол долари. Историјата вели дека ѕидот некогаш потпирал хотел, а сега гледа кон полупразен паркинг.
-Се урива, изјави Робет Морис, кој кажа дека во неговата кариера на агент за недвижности во регионот на округот Колумбија продал 900 објекти, но никогаш не слушнал за вакво нешто.
Ѕидот е залепен за куќа, но сопственичката Даниела Валс, иако сопственик на целата градба не го поседува ѕидот дебел 20 сантиметри залепен за нејзиниот јужен дел. Се појавиле проблеми со влага и протекување. Градежниците побарале да се дупчи од надворешната страна и да се урне дел од ѕидот за потоа да се заврсти целата градба.
Поради структурно пропаѓање и опасност по стабилноста на куќата, градските власти повеле постапка за поправка на градбата, за што ако не се направи за 30 денови Бергер треба да плати казна. Во предпарнична постапка адвокатот на Валс му понудил на Бергер откуп на ѕидот за 600 долари.
Оттука се родила идејата за продажба по цената во огласот. Тој вели дека ѕидот гo напоменува за смислата за хумар на неговиот починат татко, кој велел, „можеш да отидеш со девојка на прошетка и да ѝ покажеш каква недвижнина имаш во Џорџтаун“.
На понудата од Бергер, Валс се пожалила дека нема „екстра“ 50,000 долари, покрај сметките од десетици илјади што треба да ги плати за поправка на внатрешниот ѕид и обезбедување на градбата од уривање, како и за осигурување.
-Банките не даваат кредит со хипотека за ѕидови, изјави Велс.