Израел утринава изврши напад на иранска територија, изјави за Си-Ен-Ен неименуван американски функционер, меѓутоа, ирански официјален претставник негираше дека ракетниот напад се случил.
- Претставник на иранскиот државен центар за киберпростор негираше ракетен напад врз неговата земја
- Рано утринава се слушнале експлозии околу градот Исфахан, на северот на Иран, како што пренесуваат медиумите, уништени се три беспилотни летала по активирањето на системот за противвоздушна одбрана.
- Двајца американски официјални лица потврдија дека израелски проектил го погодил Иран.
- Иранските медиуми тврдат дека нуклеарните капацитети се безбедни, а израелската армија и Пентагон се уште немаат коментар
NEW: Iran activates air defence systems after attack by Israel protects nuclear facilities in Isfahan
— HOT SPOT (@HotSpotHotSpot) April 19, 2024
IRGC says several drones were shot down and they will counter by attacking Israel’s nuclear facilities pic.twitter.com/VMnxyVCoDm
Беспилотни летала оперирале од Иран?
Иранската државна телевизија тврди дека беспилотните летала што ја нападнале воената база биле контролирани од „инфилтратори“ внатре во Иран!
– Мини-дроновите, кои беа соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан, беа управувани од инфилтратори од Иран – изјави ирански аналитичар за државната телевизија откако извори рекоа дека Израел извршил напад на иранска територија.
Иранските власти тврдат дека во наводниот напад не била предизвикана штета.
Нова снимка од нападот на воената база во Исфахан
Ирански информативен канал со седиште во Лондон објави видео на кое наводно се гледа наводен напад од израелско беспилотно летало врз воена база во близина на Исфахан.
Iran International has obtained videos in which shots and sirens are heard, amid reports of an Israeli strike in Iran and the activation of air defenses in Isfahan.pic.twitter.com/BwVfukeWfP
— Iran International English (@IranIntl_En) April 19, 2024