Во изминатото деноноќие произведени 14.646 мегавати електрична енергија

Во текот на изминатото деноноќие произведени се 14.646 MWh електрична енергија намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Од Владата информираа дека во термоелектраните произведени се 10.432 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.214 MWh електрична енергија.

Македонија