Израелската армија изутринава продолжи да истрелува проектили и гранати кон различни делови на Појасот Газа, при што беа погодени куќи, станбени згради и разни објекти и инфраструктура, при што загинаа и беа повредени стотици Палестинци.
Израелските ракети убиле и раниле десетици Палестинци во населбата Шејех источно од градот Газа.
Медиумите објавија дека меѓу убиените Палестинци во Појасот Газа е и најстарата Палестинка Хадија Насар, која неодамна се прослави кога на 22 октомври во разговор со палестински фоторепортер изјави: „Јас сум постара од Израел“. Родена е во 1944 година.
Еден од нејзините соседи рекол дека израелските војници пукале и ја убиле пред вратата од куќата.