– Иранските власти соопштија дека пет мажи биле егзекутирани денеска на југот на земјата, откако биле осудени за трговија со дрога.
„Пет криминалци и дилери на дрога беа обесени утрово во затворите Бандар Абас и Минаб“, на југ, соопштија локалните судски власти.
Егзекуциите доаѓаат неколку дена по бесењето на тројца мажи обвинети дека припаѓаат на картел за дистрибуција на кокаин.
Вкупно 209 лица се егзекутирани од почетокот на годината, главно за злосторства поврзани со дрога, соопштија ОН, додавајќи дека бројот можно е да е поголем.