ВО ИСТАНБУЛ УАПСЕН ВОДАЧОТ НА НАЈГОЛЕМИОТ АЛБАНСКИ НАРКО КАРТЕЛ – Се обидел да влезе во земјата со колумбиски пасош, но Интерпол реагирал навреме

Водачот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан Реџепи, е уапсен денес во Истанбул, откако со помош на колумбиски пасош влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул, потврди турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја.

Лидерот на нарко картелот „Компанио Бело“ се бараше од властите на Албанија и Италија, а беше и по црвена потерница на Интерпол за убиство, трговија со дрога, киднапирање, изнуда, незаконско лишување од слобода, фалсификување патни исправи и нелегална трговија со оружје и муниција, пренесуваат медиумите.

Според информациите од извори блиски до безбедносните сили, Дритан Реџепи влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул, користејќи колумбиски пасош на име Бенџамин Омар Перез Гарсија.

Водачот на картелот е пронајден во соработка на полициите на Италија и Турција во доменот на размена на разузнавачки информации.

Компанио Бело“ е позната како криминална група од големи размери која се занимава со шверц на дрога од Јужна Америка во Европа.

АлбанијаДритан РеџепидрогаИстанбулТурција