Кинескиот суд осуди поранешен секретар на Комунистичката партија во источниот град Хангжу на доживотен затвор за примање мито од 182 милиони јуани (22,77 милиони евра).
Пресудата за Џоу Џиангјонг, поранешен партиски шеф на градот јужно од Шангај, дом на технолошките гиганти како Алибаба и Ант Груп, денеска беше јавно одржана пред судот во провинцијата Анхуи.
Џоу беше прогласен за виновен за примање мито лично или преку неговите роднини во градовите и окрузите во провинцијата Жеџијанг во периодот од 2001 до 2021 година.
Хангжу е главен град на провинцијата Жеџијанг.
Џоу е осуден на условна смртна казна, која по две години затвор ќе биде сменета во доживотен затвор.