Ако имате доволно пари, навистина можете да бидете граѓанин на светот.
На многу богати луѓе им е многу важно да имаат два или три пасоша, за да имаат поголема слобода. За некои тоа е статусен симбол, како купување скап автомобил, вели консултантот Нури Кац za Business Insider.
Купувањето втор (па и трет) пасош е сѐ почест тренд меѓу богаташите. Тоа не е опција што им е достапна на сите.
Станува збор за програми од типот „државјанство во замена за инвестиција“ (CIP) и дозволено е во повеќе земји низ светот.
Додека некои луѓе може да го користат тој пасош за патување до дестинации каде што не може или не смеат да патуваат со првиот, многумина го користат документот за да кушат недвижнини во земји со пониски даноци. Ќе се согласите дека тоа е многу паметна инвестиција – државјанството не може да биде одземено, освен во некои случаи на тешко криминално дело.
Земјите кои се вклучени во ваков вид на програми сакаат да регрутираат богати странски инвеститори кои би ја поддржале и поттикнале локалната економија.
Ваквиот пасош би можело да чини од 3.000 долари годишно во Тајланд, до инвестиции од милион долари во американското стопанство.
Во карипските земји како Антигва, Сент Китс или Света Луција, пасошот ќе ве чини меѓу 100.000 и 150.000 долари.
Велика Британија, од друга страна, бара од подносителот на барањето за втор пасош да живее неколку години во земјата пред да предложи купување пасош во замена за инвестиција.
Малта, која е членка на ЕУ, бара 1 милион евра за пасош кој потоа може да ви отвори многу врати во светот.
Молдавија, Гранада, Црна Гора се само дел од земјите каде може да аплицирате за втор пасош.
За да најдете информации за ваков вид на добивање пасош, разгледајте ТУКА дали земјата за која сте заинтересирани има CIP (Citizenship by investment) програма.