Во Кривичниот суд денеска продолжува судскиот процес против Мухамед Зекир

 Во Кривичниот суд Скопје денеска мора да продолжи судењето за случајот во кој обвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири.

Последната седница беше одложена бидејќи Зеќири, според лекарите, не бил во добра здравствена состојба.

Судењето го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска. Истиот судија во моментов му суди на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Според обвинението, Зеќири како генерален секретар на Владата приватно склучил договори за консултантски услуги за анализа на состојбите во поштата и железницата. Поточно, тој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за над еден милион евра.