Либиските граничари спасија неколку десетици мигранти од субсахарскиот регион во близина на границата со Тунис.
Мигрантите талкале во ненаселена област, во близина на Ал Аса, на околу 150 километри југозападно од Триполи и околу 15 километри во либиската територија.
Либиските граничари ги сместиле во засолниште.
Се проценува дека ги има околу 80 и дека најверојатно дошле од соседен Тунис.