Во Мадрид се уште не го отпишале еден од најскапите млади фудбалери во историјата досега: “Може да биде најдобар во Европа!“

Инвестицијата на Атлетико Мадрид во Жоао Феликс не се исплатеше. Португалецот пред четири години беше платен дури 127 милиони евра, но инвестицијата ни приближно не е оправдана.

Вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Челзи, кој на крајот не му го откупи договорот, а по враќањето во Мадрид дозна дека испаднал од сите планови на Диего Симеоне до тој степен што неговата „седумка“ беше дадена на друг фудбалер.

Во последниот ден од летниот преоден рок беше испратен на уште една позајмица, овој пат во Барселона. Претседателот на Атлетико МадридЕнрике Серезо, сепак, се уште не се откажал од него.

Нека покаже се што има во себе, а тоа е многу. Тој може да биде еден од најдобрите во Европа за две години и уверен сум дека ќе го направи тоа во Барселона. Но, морам да кажам дека тој е играч на Атлетико Мадрид“, изјавил Енрике Серезо.

Атлетико МадридЖоао Феликсфудбал