Нашиот регион е на врвот во Европа по бројот на заболени и мртви од кардиоваскуларни болести.
Кардиологот д-р. Небојша Тасиќ изјави дека луѓето во Србија и регионот меѓу кои и Македонија најмногу умираат од срцеви и мозочни удари, а потоа и онколошки проблеми. За да го намалиме ризикот од овие болести, најважно е да ја корегираме исхраната и да бидеме физички активни.
Кардиолозите д-р. Ендрју Фримен и д-р. Шерон Хајс нагласуваат дека не постои храна која може да ни го спаси животот, но важно е да знаеме да бидеме умерени и да ги контролираме порциите. Има намирници чијшто внес треба да го ограничиме, а меѓу нив има и една за која повеќето луѓе во Македонија грешат. Мислиме дека е здраво, но всушност е „смрт“ за срцето. Еве кои намирници треба да ги избегнуваме:
1.) МЕСО – Месните производи се застапени и во Македонија. Освен што се многу калорични, тие содржат и многу заситени масти, сол и адитиви. Ако овој тип на исхрана се конзумира често, а може да го зголеми ризикот од развој на срцеви заболувања. Светската здравствена организација официјално известува како прекумерната потрошувачка на месни производи може да ни наштети.
2.) ЗАКУСКИ – Грицките се омилени на многумина, во секое време, па дури и навечер. Многумина ги консумираат на работа, како ужина, но и во доцните вечерни часови. Нема правила, но д-р. Ендрју Фримен предупредува дека оваа преработена храна е полна со шеќер и сол. Дополнително, д-р. Шерон Хајс истакнува дека простите јаглехидрати кои се наоѓаат во чипсот, лебот, разните бисквити и грицките се поголем проблем од мастите.
3.) КОКОСОВО МАСЛО – Кокосовото масло често се смета за здраво. Има голема хранлива вредност, а се користи како намаз или додаток на здрави десерти. Се смета дека замената на сончогледовото масло со кокосово масло ја намалува акумулацијата на маснотии и ја регулира телесната тежина. Сепак, кардиолозите истакнуваат дека всушност содржи повеќе заситени масти од свинската маст.