Претседателот на македонското Собрание, Јован Митрески, денеска ги распиша претседателските и парламентарните избори.
Првиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
„Денеска, согласно моите уставни овластувања и роковите предвидени со уставот, ги потпишав одлуките за распишување избори за Претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во Собранието. Како што е познато, првиот круг од седмите претседателски избори во земјава ќе се одржи на 24 април 2024 година, додека вториот круг од претседателските избори ќе се одржи истиот ден со гласањето за единаесеттите парламентарни избори, односно на 8 мај, рече Митрески.
Во рамките на подготовките за одржување на парламентарните избори, во јануари годинава на 100 дена пред изборите беше формирана техничка влада со претседател Талат Џафери.