25 убиства на жени се случиле за само 5 години во Северна Македонија, имено во периодот 2019-2024 година.
Ова е според податоците на Министерството за внатрешни работи. Бројките од 2025 година, кога беше убиена и 31-годишната Росица од Велес, не се вклучени во овие статистики. Здружението „Јас сум жена“ повикува на поголема грижа за жените, жртви на насилство и спроведување на законите во пракса.
„Верувам дека државата и институциите треба да бидат повнимателни и да обрнат поголемо внимание на луѓето кои пријавуваат неправда, како во случајот со Росица, а и други пред неа. Не е само Росица, имаме поголем број на фемициди во Македонија, но во исто време законите што веќе постојат имаат простор за подобрување. И не само што ќе се подобрат туку треба и да се спроведуваат, бидејќи мислам дека најголемиот проблем е во спроведувањето на законите“, изјави Ана Дукоска – претседател на Здружението „Јас сум жена“.
Организацијата „Мајки за Америка“ вели дека жените треба да бидат охрабрени да поднесуваат жалби.
„Не велам дека вакви ситуации повеќе не постојат. Само велам дека во Соединетите Американски Држави најдовме начин да се справиме со ова. Истото може да се направи и во Северна Македонија, со обезбедување засолништа, места каде што мајките можат да одат во итни ситуации. И можеби тоа засолниште е и дом на друга мајка која може да ја прифати во состојба на криза. Исто така, знаењето дека можете да одите во полиција, а сега тоа е кодифицирано со закон, значи дека можете да поднесете тужба и да се заштитите себеси и вашите деца“, рече Кимберли Флечер – претседателка на американската организација „Мајки за Америка“.
Најголем број убиства се случиле во 2023 година, 9, додека во 2024 година.