Војници на руската армија денеска го кренаа руското знаме на периферијата на стратешки важниот град Маринка на југоистокот на Украина!
На видеото, наводно, се гледаат припадници на руските сили како го креваат знамето на периферијата на стратешки важен град во областа Доњецк, каде што со месеци се водат жестоки борби.
Руските воени блогери известуваат на Телеграм дека предградијата сè уште се контролирани од припадници на вооружените сили на Украина, но дека главниот одбранбен центар сега се гради во Курахово на запад.
– Сега јуришните групи напредуваат, ги зајакнуваат позициите и ја извидуваат околината на најблискиот шумски појас и населбата Георгијевка. Идентификувани се и уништени пушки на непријателот, а теренот е подготвен за понатамошни дејствија. Единиците на вооружените сили на Украина, кои се повлекоа од градот, очајнички се обидуваат да ја нарушат ротацијата на персоналот со минофрлачи и фрлачи на гранати, но безуспешно. Во моментов, 163-от полк е речиси на западниот излез од Маринка. Не повеќе од две куќи останаа зад Вооружените сили на Украина на западната граница на градот. На неколку километри западно од Маријнка се градат нови одбранбени линии на украинската армија – изјави на својот канал Телеграм гувернерот на областа Запорожје, Дмитриј Рогозин.
Украинската и руската армија сè уште официјално не се огласија.
Неодамна, да потсетиме, руските војници закачија знаме и во западниот дел на градот, а некои медиуми, вклучително и западните, објавија за ,,освојувањето” на Маринка, но Русите подоцна ги негираа таквите наводи.