Во мај оваа година се очекува де се пушти во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид, конкретно делот од село Арбиново до Охрид со прекин во село Ботун.
„Се наоѓаме во автопатот Кичево-Охрид, во делот од село Арбуново до Охрид. Овој дел од мај годинава треба да се пушти во употреба, така вети новата Влада. Треба да се гледа дали ќе се пушти во употреба или повторно ќе се одложи повторно како што се случи и претходно“.
На терен се гледа дека има уште многу работа. За текот на работите и рокот за пуштење во употреба го прашавме директорот на Државни патишта, Коце Трајановски, но до овој момент не добивме одговор.
Проблем кој се појави при изградбата на Коридорот 8 е има на делницата Требеништа – Ќафасан, каде, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, има потешкотии бидејќи трасата поминува низ заштитена од УНЕСКО.
Автопатот Кичево – Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во 2014 година. Вредноста на автопатот во вкупна должина од 57 километри беше првично проектирана на 374 милион евра и по неколку анекс Договори и пролонгирање на роковите достигна 598 милион евра. Со законските измени во април оваа година, се овозможи затворање на шестиот анекс на договорот, со што беше продолжен рокот за изградба до крајот на 2026 година.