– Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-та Европска регионална конференција на Интерпол, во мај 2023 година во Охрид.
Ова, како што соопшти владината прес-служба, е за првпат досега да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол, но и триесетгодишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.
– Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, притоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан, наведуваат во соопштението.