Советничка во локален градски совет во малата мексиканска држава Гереро на брегот на Тихиот Океан беше застрелана и убиена од вооружени лица пред нејзиниот дом, соопштија властите.
Есмералда Гарсон, која раководеше со Комитетот за родова еднаквост во општинскиот совет на Тихтла, е убиена во петокот рано попладне додека излегувала од својот дом.
Државното обвинителство соопшти дека на местото на злосторството се испратени полициски сили со задача да го истражат убиството и да ги пронајдат сторителите