Во Минхен денес започнува Октоберфест, кој ќе трае до 6 октомври, а безбедносните мерки се исклучително силни, со оглед на високата опасност од исламистичкиот тероризам.
По неодамнешниот напад на фестивал во западниот град Солинген, во кој загинаа три лица, прашањето за безбедноста повторно е во фокусот, а безбедносните власти се крајно претпазливи и секоја дојава е детално истражена, пренесува денеска Тагешпигел.
Весникот наведува дека на Октоберфест се применува софистициран безбедносен концепт – контроли на влезот, забрана за големи кеси, ножеви и стаклени шишиња, присуство на голем број полицајци и бетонски саксии за да се спречат напади со автомобили.
За првпат при инспекциите по случаен избор ќе се користат околу 40 рачни детектори за метал, најави директорот на популарниот фестивал Клеменс Баумгертнер.
Како што наведе, ќе дежураат околу 600 полицајци и неколку илјади обезбедувачи.
радоначалникот Дитер Рајтер рече дека властите направиле се што можат за да ја осигураат безбедноста на посетителите.
Според баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман, нема конкретни знаци на опасност, но општото ниво на закана од исламистичкиот тероризам е високо.
Кога станува збор за цената на пивото на овогодинешниот Октоберфест, таа се движи од 13,60 до 15,30 евра, поради што некои посетители се вознемирени, пишува Тагешпигел.
Се очекуваат милиони посетители на Октоберфест до 6 октомври.