Во моментов 10 активни пожари

На територијата на државата заклучно со 13 часот на 9 јули се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 10 се сè уште активни, а 4 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи.

Меѓу активните пожари се издвојуваат неколку на подрачјето на општина Македонски Брод, во близина на селата Црешнево, Локвица, Слатин, Самоков и Рамне. Пожари се бележат и во општините Чашка, Чучер Сандево, Дојран, Кавадарци, Велес и Шуто Оризари, каде гори депонија.

Изгаснати се пожари во општините Бутел, Старо Нагоричане, Демир Хисар и Прилеп.

Надлежните служби се на терен и работат на целосна локализација и санација на пожарите.