Во Москва на разговор повикани американските дипломати

– Руското Министерство за надворешни работи денес повика високи американски дипломати во знак на протест поради, како што ги нарече, „лицемерните и измамнички“ изјави на американскиот советник за национална безбедност Џејк Салива.

„Се нагласува дека уверувањата на американските официјални лица дека САД не поттикнуваат такви напади врз Русија, се лицемерни и измамнички, со оглед на директните докази за употреба на оружје и опрема обезбедени за потребите на (украинските) Вооружени сили од Пентагон“, се вели во соопштението на Министерството.

Минатата недела Саливан изјави дека американската администрација не ги поддржува нападите на Украина на територијата што Вашингтон ја признава како руска.

„Сите способности што САД ѝ ги дадоа на Украина доаѓаат со основниот предлог дека САД не овозможуваат или поддржуваат напади на руска територија. Тоа ќе биде за поддршка, за обезбедување на Ф-16 од која било страна“, рече тој.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „непријателските дејствија на Вашингтон, кој долго време е страна во конфликтот“, ги турнале односите меѓу Москва и Вашингтон во „длабока и опасна криза, полна со непредвидливи последици“.

„Време е Вашингтон да дознае дека секоја форма на агресија против Русија ќе продолжи да биде дочекана со најодлучно одбивање“, додаде Министерството.