Пејачката Јелена Карлеуша ја изненади публиката откако го издаде новиот албум кој се вика „Омега“ и е продолжение на нејзиниот претходен албум „Алфа“ кој излезе пред само неколку дена.
Песната која веднаш им бодеше очи на сите и стана голем хит во првите 24 часа, е именувана како „Романе“.
Во неа Карлеуша пее за рускиот олигарх Роман Абрамовиќ и го моли да не потпише пред брачен договор и пее дека ќе биде негова љубов и дeka го сака.
-Песната е посветена на рускиот тајкун Роман Абрамовиќ и тој е супер тип. Паметен, убав и богат со добар изглед, вели текстописецот.
Таа додава дека од сите олигарси Роман се одвојувал и дека и бил инспирација за песната.
Инаку песната настанала пред војната во Украина, а напишана е пред две години.