Во некои делови на Шпанија падна снег

СНЕГ денеска падна во делови од северна Шпанија, по неколку месеци без дожд и високи температури кои оставаат впечаток на летно, а не на пролетно време. Невообичаен снег падна во Ла Раја, планински регион во Астурија, додека медитеранските делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и Валенсија, забележаа град и силен дожд по неколку месеци без врнежи.

Шпанија е погодена од најсувиот почеток на годината откако се измерени температурите, објави државната метеоролошка агенција АЕМЕТ. Во првите четири месеци од годинава наврнале помалку од половина од просечните врнежи. Дополнително, единаесет дена досега биле потопли од вообичаено, двојно повеќе од вообичаеното за цела година.