Во Несебар запленети 200 килограми марихуана

Бугарската полиција соопшти дека открила и запленила 200 килограми марихуана во Несебар. Тоа е најголемо запленето количество во областа Бургас во изминатите десет години.

Како што јави бугарската новинска агенција БТА, вредноста на запленетата марихуана на црниот пазар би изнесувала околу три милиони лева (околу 1,5 милиони евра).

Полицијата соопшти дека се приведени пет лица, од кои едниот имал дозвола за одгледување на индустриски коноп.