Научниците имаат намера да создадат овошно ткиво од растителни клетки за коешто се надеваат дека ќе има вкус и мирис како вистинско овошје. Се верува дека оваа програма, поддржана од Владата, ќе помогне да се зачува безбедноста на храната во земјата.
Научници од Нов Зеланд работат на проект за создавање овошје одгледано во лабораторија. Тие ќе се обидат да создадат овошки без деловите коишто вообичаено се фрлаат, како што се семки или лушпи.
Научниците од Истражувачкиот институт за храна и растенија (Plant & Food Research) во Оукленд имаат намера да создадат овошно ткиво од растителни клетки за коешто се надеваат дека ќе има вкус и мирис како вистинско овошје. Се верува дека оваа програма, поддржана од Владата, ќе помогне да се зачува безбедноста на храната во земјата.
- Ние, во Нов Зеланд, сме добри во одгледувањето на конвенционални градинарски култури, изјави д-р Бен Шон, предводник на програмата.
Бидејќи храната што се одгледува во лабораторија е сосем нов концепт, откако ќе се развие, ќе мора да се докаже и нејзината безбедност пред регулаторните тела, веројатно преку скапи и долги научно-здравствени испитувања.
- Храната создадена во лабораторија може да игра клучна улога во одржливото земјоделство, но таа сè уште е во раните фази на развој. Надминувањето на таквите пречки може да трае со години, ако не и десетлетија, појасни д-р Али Рашидинеџад, поискусен научник за храна.
Потрошувачите, исто така, ќе мора да ја прифатат новата практика. Повозрасните генерации можеби се двоумат, но истражувањата покажуваат дека помладите се подготвени да пробаат нова храна доколку таа нуди здравствени придобивки, а истовремено го ограничува штетното влијание врз животната средина, сметаат научниците.