Во овие земји од ЕУ, електричните автомобили сè уште се реткост, вклучувајќи ги и нашите соседи

Во Северна Европа, електричните автомобили често се првиот избор кога се купува автомобил. На југ, сепак, тие едвај играат улога во уделот на пазарот. Бројките на Европската асоцијација на производители ACEA покажуваат колку е крајно нерамномерна дистрибуцијата на електричните автомобили во Европа.

Постојат различни причини за тоа, но пред се има стимулации за купување електрични автомобили. Така, во Германија бонусот за купување донесе значителен пробив на електричните автомобили на пазарот, па така во оваа земја еден од шест нови автомобили е ЕВ.

Слична е ситуацијата во Велика Британија (16,6 отсто) и Франција (16,8 отсто), додека учеството на ЕВ е значително поголемо во Данска (36,3 отсто), Холандија (30,8 отсто), Шведска (38, 7 отсто) и се разбира, со огромно водство во Норвешка (82,4 проценти).

Сосема поинаква слика за продажбата на ЕВ може да се види во Италија, Шпанија, Полска, а особено во Југоисточна Европа.

Секоја година во Италија се регистрираат 1,3 милиони нови автомобили, што ги прави четврти по големина пазар во Европа. Сепак, лани само 4,2 отсто од тој број биле електрични возила. Тоа е само еден на секои 24 нови автомобили. Слично е и во Шпанија, која со 813.000 нови регистрации годишно се наоѓа на петтото место меѓу европските пазари, но има удел на ЕВ од само 5,4 отсто.

Во некои земји од Југоисточна Европа, електричните автомобили се уште помалку распространети. Така Унгарија има удел од 5,3 отсто, Бугарија – 4,8 отсто и Полска – 3,6 отсто. Сепак, Хрватска со 2,8 отсто и Словачка со 2,7 отсто удел на ЕВ на пазарот на нови автомобили се на апсолутното дно во статистиката на ЕУ. Тоа значи дека во овие земји само еден автомобил од секои 37 нови автомобили е електричен.

Резултатот е дека, во просек низ ЕУ, чисто електричните автомобили сочинуваат само 14,6 отсто од сите нови регистрации. Сите други нови автомобили сè уште имаат мотор со внатрешно согорување под хаубата (вклучувајќи ги и хибридите).

Недостатокот на стимулации за купување не може да се користи како општо објаснување за овие резултати, бидејќи многу земји со низок удел на ЕВ имаа субвенции слични на Германија, а во некои случаи дури и повисоки. Од друга страна, во Чешка и Словачка, нема да добиете ниту цент поттик при купување на EV.

Покрај стимулациите, најголема причина за слабата продажба на ЕВ е и мрежата на станици за полнење. Грција, на пример, ќе има околу 2.000 јавни полначи до 2024 година. Бугарија има 1.600 полначи, Романија 2.700. Сето тоа се скромни беои бидејќи, за споредба, малата Холандија има 144.000 полначи. Ова исто така објаснува каде и зошто е-мобилноста напредува и каде сè уште е во застој.