Во овие земји услугата Вибер Плус (ќе) почне да се наплаќа, дали Македонија ќе биде една од тие држави!?

Најпопуларната услуга за пораки е воведување на премиум услуга, еве во кои земји.

„Вибер“ реши да ги наплаќа своите услуги и ја воведе претплатата на „Вибер плус“, а Црна Гора е првата земја во светот што ја добива новата премиум услуга која ќе чини 1,99 долари месечно.

Важно е да се напомене дека претплатата на Вибер плус не е задолжителна, а оние кои не сакаат да платат – не мора – и апликацијата ќе остане бесплатна за сите корисници, со сета функционалност што ја имаше претходно.

Сепак, оние кои ќе одлучат да одвојуваат пари месечно ќе добијат некои поволности кои нема да ги имаат бесплатните корисници, а од компанијата велат дека на овие корисници ќе им биде достапно следново:

Користење без реклами
Пристап до налепници што се наплатуваат
Техничка поддршка во живо
Можност за промена на иконата на апликацијата


Сите членови на претплатничкиот клуб Вибер плус ќе добијат и значка за потврда со нивната слика на профилот, со што се потврдува нивната премиум претплата. За да ја активираат оваа нова услуга, корисниците прво ќе кликнат на „Повеќе“ во долниот десен агол на апликацијата – а потоа на назначената функција Вибер плус за да го започнат процесот.

Оваа услуга ќе биде достапна во фази во целните региони во светот – почнувајќи од Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Кувајт и Австралија. Дополнителните функционалности на Вибер плус се веќе во фаза на развој и наскоро ќе бидат претставени. Сите моментално достапни услуги и функционалности на апликацијата Вибер ќе останат бесплатни за сите стандардни корисници.

„Преку воведувањето на нашата премиум претплата, конечно можеме да ги направиме посакуваните нови функционалности и искуства достапни за нашите многубројни чести корисници и обожаватели“, забележува Атанас Рајков, потпретседател на одделот за развој на апликации Ракутен Вибер. „Со Вибер плус испраќаме покана до заедницата на корисници на Viber први да пристапат до најновата технологија и индустриски стандарди преку комуникација богата со медиуми – предводени од нашите лојални корисници од Црна Гора. “