Новиот топлотен бран кој го зафати Пиринејскиот полуостров донесе екстремно високи температури во Шпанија.
Силен циклон од Северен Атлантик предизвика високи температури во Шпанија, а како дел од него пристигна и топла воздушна маса од Северна Африка.
Ова доведе до многу високи температури, па тие надминаа 40°C низ целата земја и во Мадрид, а на југот и југоистокот на земјата достигнаа до 45°C измерени во Кордоба.
Најтопло било на истокот на земјата, па на аеродромот во Валенсија е измерена досега највисока температура, 46,8°C, а претходниот рекорд бил 43,4°C. Затоа, претходниот рекорд во овој град е надминат за дури 3,4°C.
Инаку, сегашниот рекорд за цела Шпанија е 47,6°C, а е измерен во Кордоба во август 2021 година.
Многу високите температури и ведрото време се придружени со големи шумски пожари.
Денес, температурите се малку пониски низ цела Шпанија и паднаа под 40°C, освен на југот на земјата каде што сè уште се околу 45°C како што е измерено во Кордоба.
Освежување се очекува на почетокот на следната недела, а максималната температура потоа ќе се спушти под 40°С на југот од земјава. Сепак, во цела Шпанија и натаму ќе биде топло, ведро и без дожд, иако температурите ќе бидат пониски за 5 до 10 степени.