Во овој град се трудат никој да не гладува: И богатите и сиромашните јадат во прекрасен храм (ФОТО)

Златниот храм има армија од волонтери кои секојдневно служат вкусни оброци, а луѓето во просек јадат по 15 минути, додека капацитетот на салата е околу 200 луѓе

Има бесплатна заедничка кујна во Амритсар, најголемата во светот, која храни 100.000 луѓе дневно, седум дена во неделата – и сите се добредојдени.

Градот во северна Индија има над два милиони жители и е многу познат по својата гастрономија, историја, култура, стариот дел на градот и спектакуларниот Златен храм , место кое ги собира верниците на сикизмот, монотеистичка религија.

Нивната религија е комбинација на исламот и хиндуизмот, а познати се по нивната традиција наречена „севе“ – несебично помагање без да очекуваат ништо за возврат. Исто така, тие секогаш се трудат да им помогнат на сите, па дури и да ги нахранат сите гладни во овој милионски град, пишува Би-Би-Си.

 

За време на пандемијата на Ковид, готвачот со ѕвезда на Мишелин, Викаш Кана од Њујорк, дојде во Златниот храм. Дошол со намера да им даде вода на жедните и да ги нахрани гладните, во што успеал.

Неговата задача била да подготвува оброци во Златниот храм, низ кој дневно минуваат 100.000 гладни луѓе, за кои храната е секогаш подготвена во секое време од денот.

Златниот храм има армија од волонтери кои секојдневно служат вкусни оброци, а луѓето во просек јадат по 15 минути, додека капацитетот на салата е околу 200 луѓе. Готвачот истакна дека нема правила за тоа кој јаде таму, лесно може да се сретнете и богати и сиромашни, жени и мажи.

– Додека едни бараат повеќе храна, други набрзина завршуваат, па се се чисти околу 15 минути и пристигнува нова тура луѓе. Тоа е континуиран циклус на јадење и послужување – истакна Викаш.

Тој истакна дека луѓето во Амритсар се многу љубезни, дарежливи и насмеани и дека нема верски конфликти меѓу двете главни религии: исламот и хиндуизмот.