Во општина Дебар, активната транспарентност минатата година 81,4 отсто 

– Во просториите на општина Дебар одржана е средба на претставници на локалната власт и раководителите на одделенијата во општината, посветена на  позитивните промени во општината,  како резултат на 18 месечната техничката поддршка од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, информираше градоначалникот Хекуран Дука.

Според него во тек е процесот на само-проценка на нивото на капацитетите на општината по завршување на поддршката од проектот, која се однесува на неколку области.

– Станува збор за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџети, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање, и овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор, дообјасни градоначалникот.

Дебар беше една од општините од првата група на 15-те партнер општини кои соработуваа со Проектот од мај 2021 година до декември 2022 година.

– Како резултат на 18 месечното партнерство и добиената техничка поддршка, остварени се следните резултати: зголемена наплата на данокот на имот и ажурирана база на податоци за данок на имот, подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци, информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина” објавена на веб-страницата на општината,  а беше подготвен нацрт-План за Локален Економски Развој за Општината, вели тој.

Исто така подобрени се капацитети за евиденција на општинските долгови, унапредени капацитети за подготовка на проектни апликации и соработка со деловниот сектор, а подготвена беше  и усвоена процедура за поделба на должностите во 

процесот на трошење на буџетските расходи.

– Она што посебно сакам да го истакнам е подобрената активна транспарентност во 2022 година која изнесува 81,4 % во однос на 2021 кога изнесувала 54,3%, индексот за буџетската транспарентност за 2021-2022 изнесува 13 (од можни 16) индексни поени во споредба со 2020-2021, кога изнесувала 6, посочува Дука.

Според него забележан е и зголемен интензитет на даночната транспарентност која во 2021-2022 изнесува 55 отсто во однос на 2020-2021, кога изнесувала 40 отсто.