Поранешниот прв човек на Хамас, Калед Мешал, повика на протести низ арапскиот свет во петок за поддршка на Палестинците, јавува медиумската агенција Reuters.
„Мораме во петок да излеземе на плоштадите и улиците низ арапскиот и исламскиот свет“, рекол Калед Мешал, кој моментално е директор на канцеларијата на Хамас за дијаспората.
Да потсетиме дека судирите меѓу израелските одбранбени сили и Хамас влегоа во петти ден. Бројот на загинати Израелци од почетокот на нападот на палестинската милитантна група Хамас надмина 1.200, речиси 3.000 луѓе се повредени, а судбината на околу 150 луѓе, кои беа киднапирани и однесени во Појасот Газа, се уште не е позната.