Во петок, 29 септември, небото ќе осветли со полна Месечина во Овен , што ќе донесе излив на нова енергија, зовриена страст и амбиција. Додека сезоната на Вага носи одредена бавност во реакциите, енергијата на Овенот е за активно туркање на вашите цели и амбиции. Под водство на Марс, оваа Полна Месечина им кажува на сите да се залагаат за она што го сакаат и да не бидат претерано загрижени за мислењата и ставовите на другите.
Оваа полна месечина ќе биде таканаречена Супермесечина, односно ќе биде поголема и посветла од просечната, а се случува три до четири пати годишно. Ова е последната Супермесечина во тековната 2023 година и најмногу ќе ги погоди Овенот, Ракот, Вагата и Јарецот.
Еве што може да очекувате во наредните денови доколку припаѓате на еден од овие четири хороскопски знаци:
ОВЕН
Во наредниот период вашите врски ќе ви бидат главен приоритет, но не заборавајте да фокусирате малку внимание на себе. Одвојте малку време за себе, сите други можат да чекаат! Посветете се на долго посакуваната цел или на остварување на сонот – сега има добри шанси да се оствари, особено што сте исполнети со добра енергија и амбиции. Покажете му на светот дека сте подготвени да победите. Стиснете заби и прекинете ги токсичните врски во вашиот живот или најдете начин да бидете дипломатски и да ги решавате конфликтите со нив без да ја уништите врската.
РАК
Победата е близу, Ракови, а моќта е во ваши раце! Оваа полна месечина би можела да означи кулминација на некои настани или голема пресвртница во вашите животи, особено на полето на кариерата или приватниот бизнис.Можно е на повидок нова подобра деловна понуда или големо покачување на платата. Не штедете се во наредниот период, преземете лидерство и иницијатива на работа и секој труд ќе ви се исплати.
ВАГА
Вагите ќе бидат фокусирани на нивните партнерства и романтични врски во периодот на полна месечина. Треба да најдете рамнотежа помеѓу вашите односи и сопствената благосостојба. Не дозволувајте да бидете на последно место, а ако е така, време е да го промените тоа денес! Исто така, очекувајте драматични промени на љубовен план или ако имате работа каде што сте еден од партнерите. Настаните што ќе следат или ќе ве зближат или ќе ве разделат и задолжително подгответе се за триење. Ако сте во стабилна врска, тоа може да доведе дури и до свршувачка, брак или заеднички живот. Доколку сте слободни, постои можност да ги анализирате вашите сегашни додворувачи и да размислите кој од нив има потенцијал за сериозна врска.
ЈАРЕЦ
Овој месец најмногу ќе влијае на вашето семејство и домашен живот, па затоа треба да очекувате промени во тој аспект. Значи, ова е периодот резервиран за некои промени во недвижностите, куќата или семејните односи. Можно е да се преселите, или некој да дојде да ве посети или да почнете да реновирате. Исто така, важно е доколку се појави проблем во однос на вашите родители или потесното семејство, веднаш да реагирате и да се обидете да го решите. Исто така, овие денови внимавајте како ги изразувате емоциите – лесно би можеле да започнете некои конфликти.