Поради невремето кое ја зафати Малешевијата во прекин сообраќајот на регионалниот патен правец Берово – Виница. Причина за прекинот е надојдена вода од Колачински поток, поради што во моментот има забрана за движење на овој патен правец.
Информацијата ја потврдија од ЦУК од каде додадоа дека поради обилните врнежи од дожд надојдена е Смојмирска река која предизвика штети по земјоделските површини и има поплавено неколку објекти.
Во градот Берово ситуацијата е најкритична кај некогашната фабрика „Датекс“ каде река од вода тече по блиската улица.
Невремето денеска го зафати и градот Пехчево каде граѓани исто така јавуваат за поплавени улици.