Полицијата го нарече местото активно место на злосторство и ја повика јавноста да го избегнува. Мотивот за пукањето се уште не е познат.
Едно лице загина, а три се повредени во средата во пукотница во градот Ел Пасо во Тексас во трговски центар, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата Роберт Гомез изјави дека еден осомничен е во притвор, но медиумите објавија дека и второто лице е приведено по пукањето во трговскиот центар Сиело Виста во Тексас. Мотивот за пукањето се уште не е познат.
“Беше хаотично. Луѓето трчаа, беа во страв. Како што реков, пукаа во трговскиот центар. Тоа предизвикува паника”, изјави Гомез.
Полицијата го нарече местото активно место на злосторство и ја повика јавноста да го избегнува. Видеото од вестите покажа паркинг полн со патролни автомобили.
“Единиците го расчистуваат трговскиот центар. Тие собираат сведоци. Трговскиот центар е доста голем, поради што потрагата ќе потрае”, изјави Гомез и додаде дека нема информации за состојбата на повредените.
Трговскиот центар Cielo Vista се наоѓа во близина на продавницата Walmart каде вооружен маж уби 23 луѓе на 3 август 2019 година. Пред една недела, Тексашанец се изјасни за виновен за злосторство од омраза во договорот за признавање на вината за да избегне смртна казна. Сепак, тој сè уште се соочува со смртна казна во посебен судски случај.