Се појавија нови информации за трагедијата што се случи во Скадар, каде мајка и нејзините три деца зе фрлија во реката Бојана, откако нејзиниот сопруг наводно ги малтретирал.
Новинарот Игли Челмета за BalkanWeb јавува дека во реката Бојана е пронајдено уште едно дете. Втората пронајдена жртва е осумгодишно девојче, додека телото на деветгодишно девојче беше пронајдено ден претходно. Во меѓувреме, потрагата по телото на мајката и синот продолжува.
Потсетуваме, мајката и нејзините три деца се упатиле кон мостот на реката Бојана и таму се сомнева дека се фрлиле во реката.
Поради тоа постои сомневање дека се удавиле. По инцидентот, нејзиниот сопруг е уапсен и обвинет за семејно насилство и самоубиство.