Во Рим наскоро ќе почне да се наплаќа обиколка на најпознатата фонтана! Еве зошто

Властите во Рим најавија дека наскоро ќе почнат да наплатуваат обиколка на познатата фонтана ди Треви поради големиот број туристи, кои создаваат огромна гужва.

Властите во Рим изјавија дека најголем проблем е големиот број туристи на фонтаната ди Треви и постојаната гужва. Ова им оневозможува на луѓето правилно да ја видат познатата фонтана во центарот на Рим.

Капење во фонтаната и истурање вода

Констатирано е и дека проблем е однесувањето на туристите. Така минатото лето една жена ги шокираше жителите на Рим со качување во легендарната фонтана за да наполни шише со вода.

Некои дури се обидоа да влезат во фонтаната и да се капат во неа, како што тоа го прави актерката Анита Екберг во познатиот филм „La Dolce Vita“.

Туристите кои го направиле ова платиле голема казна.

 

Билети за фонтаната

Како резултат на тоа, туристичките власти во Рим очајно се обидуваат да ги спречат прекумерните посети на легендарната атракција.

Тие изјавија дека ќе воведат билети за фонтаната ди Треви, како и ќе овозможат нивна претходна резервација.

Службеникот за туризам Алесандро Онорато истакна дека влезницата ќе биде симболична и дека може да се спореди со сумата што многу посетители ја истураат во светски познатата фонтана на желбите.

Имено, вообичаено е да се фрлаат монети во Фонтаната Треви, а градот Рим на овој начин годишно инкасира повеќе од милион евра. 

 

Идејата на Онорато беше поддржана од градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери.

– Мораме да спречиме, особено во град на уметност како Рим, премногу туристи да му наштетат на туристичкото искуство и на самиот град. Мораме да се погрижиме туристите постојано да не доживуваат хаос, а граѓаните на Рим да продолжат да живеат во центарот на градот – рече Онорато, пренесува NewYorkPost.