ВО РУСИЈА СЕ ЗАЈАКНУВА КРИМИНАЛНАТА ПОЛИТИКА: Кој соработува со меѓународни организации може да оди во затвор

Советот на Федерацијата на Русија усвои закон со кој се воведува кривична одговорност и казна затвор до пет години за давање помош во спроведувањето на одлуките на меѓународните организации во кои Русија не е членка.

Овој предлог-закон беше претставен на Државната Дума од страна на руската влада во ноември 2022 година, со образложение дека овој акт го менува членот 284.3 од Кривичниот законик на Русија, кој пропишува кривична одговорност за помагање во извршувањето на која било судска одлука на меѓународни организации од кои Русија не е членка, ниту одлуки на странски државни органи кои гонат руски функционери за извршување на нивните должности, пренесува ТАСС.

Нацртот на новиот закон предвидува кривична одговорност за оние кои помагаат во гонењето на лицата кои се пријавиле за волонтерски организации кои им помагаат на вооружените сили на Русија.

Предлог-законот, исто така, воведува парична казна од 300.000 до 1 милион рубљи или затворска казна до пет години, а осудените лица не смеат да преземаат никакви должности во иднина.

Оваа казнена политика би се применувала во случаи кога нема елементи на шпионажа, предавство или тајна соработка со странска држава или меѓународна и странска организација.