– Поради придвижување на земјиштето ова утро во руралните предели на југоисточната кинеска провинција Сичуан животот го загубија 14 луѓе, а 5-мина се водат за исчезнати, известува Анадолу.
Во планинскиот регион на Сичуан со недели се регистрирани врнежи од дожд.
Повеќе од 180 луѓе се мобилизирани да помогнат во пронаоѓањето на оние кои се затрупани под свлечиштата во округот Лешан, во Сичуан, соопшти Комитетот на Комунистичката партија на округот Џинкоухе.
Југозападна Кина подлежи на свлечишта, особено во подрачјата во кои дојде до големи поместувања на земјиштето поради земјоделието, уништувањето на шумите или инженерските проекти.