ВО СИБИР ОДРЖАН ЕКСТРЕМЕН МАРАТОН НА ТЕМПЕРАТУРА ОД -50 СТЕПЕНИ (ВИДЕО)

Денеска во Јакутија, Сибир се одржа маратон на температура од -50 Целзиусови степени.

Како што пренесуваат медиумите, ова е четврти екстремен маратон, а прв ваков маратон се одржа во 2019 година. Температурата на воздухот на почетокот на трката беше -51, а на крајот -50 Целзиусови степени.

Во селото Ојмјакон се одржаа трки во повеќе возрасни групи на растојание од пет и десет километри, како и полумаратон од 21,1 километар и маратон од 42.195 километри. Пријавени се 108 учесници, од кои седум се откажаа, а десет учесници добија забрана за учество на натпреварот по испитување.

„Настанот го привлекува вниманието на голем број луѓе од повеќе земји и региони на Русија. Ова го зголемува интересот на туристите за најстуденото населено место во светот. Исто така, дава поттик на научните истражувања за проучување на влијанието на студот врз човечкото тело и развој на технологија за примена при ниски температури на воздухот“, изјавија од локалната администрација.

Учеството на маратонот беше дозволено за 11 мажи и пет жени. Победник на машкиот екстремен маратон е Александар Моедо со време од три часа, две минути и 20 секунди, а во женска конкуренција победи Изабела Борисова со време од три часа, 35 минути и 24 секунди.