Во Скопје казнети 132 возачи

Санкционирани се 132 возачи изминатото деноноќие на територијата на СВР Скопје, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, по осум за некористење сигурносен појас и за користење мобилен телефон при возење, по три за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, за минување на затворен сигнал (црвено светло)… 

Миистерството за внатрешни работи најавува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.