На територијата на Скопје вчера во сообраќајна контрола од полицијата од СВР Скопје биле казнети 248 возачи, меѓу кои 58 поради возење со брзина поголема од дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Десет мерки се изречени за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за некористење сигурносен појас, десет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, информира МВР.
Министерството укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.