Полициски службеници од Оперативен тим потраги, денеска во 10:05 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот Т.П. (32 г.).
Од МВР информираат дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела „кражба“. Т.П. ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.