Министерството за внатрешни работи соопштува дека 53-годишен маж бил пронајден мртов во стан во Скопје.
„На 14.11.2024 година во 14.20 часот на СПБ Скопје било пријавено дека во станот во Центар е пронајден мртов А.С.(53) од Скопје.
Докторот на Итната медицинска помош констатирал смрт, додека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, соопшти МВР