При сообраќајни контроли од страна на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола.
Како што соопшти МВР, 11 возачи се санкционирани за возење под дејство на алкохол.
МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира на почитување на сообраќајните правила и прописи.