На територија на Град Скопје вчера во засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 244 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 15 мерки за управување возило под дејство на алкохол, седум мерки за возење без возачка дозвола.
Како што информираа од МВР, изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)….
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.