Се верува дека Путин има неколку бункери низ Русија.
Откако започна руската инвазија на Украина, претседателот на земјата, Володимир Зеленски, беше во комплексот владини згради Банково во Киев, заштитен како во бункер, опкружен со непробојни безбедносни прстени. Што се однесува до рускиот претседател Владимир Путин, се верува дека тој има неколку бункери во Сибир, како и неколку други на непознати локации.
Каролин Вилер, уредничка на британскиот весник Сандеј Тајмс, го посети седиштето на Владата на Украина и во таа прилика изјави дека бункерот во кој се наоѓал и Зеленски е темен и дека прозорците се покриени со дебели завеси. Прозорците и вратите однадвор се заштитени со вреќи со песок кои исто така се наредени на внатрешните скали. Според неа, вооружени војници има насекаде.
Влезот е дозволен само за оние кои имаат валидни документи и пасош. Цивилните автомобили не можат да пристапат до местото, а војниците бараат од минувачите тајни лозинки, кои секојдневно се менуваат. Како што се истакнува, најчесто станува збор за некаква глупост, која Русите тешко би ја изговориле, пишува Нова С.
Првите два месеци од почетокот на руската инвазија, Зеленски живеел во подземен бункер, во засолниште. Но, како што одминуваше времето, ситуацијата се менуваше, па во последните неколку месеци бункерот беше искористен само еднаш и тоа летово откако Украинците добија информација дека Русите планираат напад врз седиштето на владата.
Што се однесува до Путин, се верува дека тој има неколку бункери во Сибир. Едниот е поврзан со огромниот нов терминал во Сабета на полуостровот Јамал, а другиот на планините Алтај. Исто така, се верува дека има уште неколку лоцирани на тајни локации.
Неговото Министерство за одбрана има различни бункери. Постојат гласини дека тој има бункер длабоко во планинскиот венец Урал во Русија, под планината Јамантау. Планината Урал е долга и се протега на планини што ја опфаќа Русија од север кон југ, завршувајќи северно од границата со Казахстан. Воената инфраструктура на планината Јамантау можеше да се види на сателитски снимки во 1995 година, но Русија одби да елаборира што тие градат кога САД ја испрашуваа.
„Не би било изненадувачки доколку Русија има ваков објект, исто како што имаат САД, а планините се логично место за нивно поставување “, изјави за Newsweek Сет Баум, извршен директор на Глобалниот институт за ризик од катастрофи. На почетокот на војната имаше гласини дека Путин се повлекол во бункер во Сибир.
Гласините велат дека еден специјален бункер може да собере до 100.000 луѓе и е дизајниран да владее со Русија во случај на Армагедон. Покрај локацијата во близина на големата фабрика на Газпром на далечниот север на Русија, се шпекулира и дека има високотехнолошки бункер на планините Алтај скриен под голема дача.