Во Комисијата за уставни прашања денеска почнува собраниската процедура за вклучување на Бугарите и другите етнички групи во Уставот на Република Македонија.
Со комисијата претседава претседателот Талат Џафери, а расправата се очекува да трае десет работни дена. Џафери веќе ја закажа пленарната седница на која ќе се гласа за потребата од отворање на Уставот на 18 август.
Во работата на Комисијата денеска ќе учествуваат и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но според партискиот претседател Христијан Мицкоски, тоа не значи дека има промена на ставот на оваа партија во однос на уставните измени.
„Ќе бидеме таму и кога точката ќе биде ставена на дневен ред, членовите на коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против. Така ќе биде и на средбата“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, доколку власта најде барем еден пратеник од опозицијата кој би гласал за него, тој веќе можел да го смени од позицијата претседател на партијата, но не успеал во тоа.
СДСМ го обвини Мицкоски дека е на спротивната страна на државните и националните интереси.