Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила во Албанија животот го загубило осумгодишно дете од Северна Македонија, а пет лица се повредени.
-Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил марка „голф” со гостиварски регистарски таблички управуван од македонската државјанка Т.Б. кој се движел од Елбасан кон Пеќин и автомобил управуван од А.Х. жител на албанскиот град Каваја, пренесуваат медиумите.
Повикувајќи се на полициски извори медиумите објавуваат дека Т.Б. изгубила контрола врз возилото, удрила во другото возило и завршило на браниците на патот.
Во несреќата со повреди се здобила мајката на починатото дете Т.Б. и нејзината 11- годишна ќерка, како и А.Х. и две лица кои биле во неговиот автомобил. Транспортирани се во регионалната болница во Елбасан и според последните информации се вон животна опасност.
Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодена брзина на движење на автомобилот со македонски ознаки. Според медиумите местото каде што се случила несреќата е една од неколкуте црни точки на оваа делница.